превод од англиски: Игор Исаковски
Јазикот вели: Пред Јазикот
стои јазик. Јазикот е дамчеста трага
која доаѓа од онаму.
Јазикот вели: Сега, слушај.
Слушаш: Имало
ехо.
Земи ја тишинита и обиди се да молчиш.
Земи ги зборовите и обиди се да говориш.
Зад јазикот, Јазикот е рана
од која светот постојано истекува.
Јазикот вели: Е, Не е, Е,
Не е. Јазикот вели: Јас.
Јазикот вели: Да те кажам,
да те осетам, кажи го
кажаното.