Портрет на маж во запуштена ниша:
единствен, непознат, речиси не дише.
Кама во ременот и рака полусвиткана…
Наоколу се шлаат посетители.
Од сала во сала бавно се смрачува,
почистено е, се затвора.
И тогаш
брзо излегува од портретот
мажот – на дваесет и седум, со темна облека,
на извиениот врат блеска златната верига,
тој се приближува до прозорецот, ја крева
завесата и цела ноќ, без да мигне, чека,
забележан единствено од мракот.
од книгата 13 бугарски поети, Блесок 2003.