Виолончелото на леглото –
како тело настрвено, голо.
(Пред пијаното, купено на распродажба,
ти со лакот во раката беше мадоната со младенчето
меѓу свеќите, што дишеа над клавишите,
и помисли, дека пак ќе се караат комшиите,
јас сè уште стоев проколнат, несоземен,
надвор бревтаа декемвриските автобуси
а тажното „ла“ се провна меѓу нас двајцата
и се втопи во снимката на Рахманинов,
гардеробот воздивна, ѕидовите застенкаа
со инфразвучна миса за сите спасени,
јас сè уште го немав облечено пуловерот,
пушев и мислев за музиката и така натаму
и опуштен слушав и зјапав во твоите нозе,
во ѓезвето, во часовникот и топлите чаши,
а една музичарка по ноќница
ме испраќаше.)