Историјата на констелациите
врежани во брилјантноста на листот:
би сакал да го читам листот
за да го запомнам урнекот
од каде животот и нештата
излегле.
А пред Великата Ноќ да нè проголта
чуј го неговото име,
колку да ја засениш гордата темнина
со страсниот звук на искршената светлина.