Постојано менливо

/, Блесок бр. 42/Постојано менливо

Постојано менливо

Постојано менливо
Загубената
Странецот
Разговори
Овошка во тревата

од англискиот препев на В. Миранда: Игор Исаковски

Вљубениот маж сака да биде жената која ја љуби,
Вели: со мене кон кралството, а кој знае каде
иако една по една ги загубил моќите на децата.
Странецот го потсети на земјата во огледалото,
натрапникот го урочи
само ти го гледаш; ова е мојот облик за тебе.
Прифати го сега, никој не може да те убие, освен мене;
а великите повикувачи веќе заборавени
им се вратија на неговите денови како антички министри,
господари од некое друго време.
Колку насилно се чини она што некогаш беше негово!
Зошто во овој манир на Петар Пан?
Сега напевите на убавината го плашат
неранлив и осамен во шумата на светот.
Со мене кон кралството
, вели неговата надеж
тој сеедно повторува, со мене,
но таа пак го сменила обликот,
и таква е каква нема да биде утре:
камен помеѓу нервите
груб удар кој излетува од сеќавањето
нешто кое се тркала далеку по патот.
Треба да остане само она кое не трае вечно.

АвторЛуис Бенитез
2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|