Постојано менливо

/, Блесок бр. 42/Постојано менливо

Постојано менливо

Постојано менливо
Загубената
Странецот
Разговори
Овошка во тревата

Оддалеку, големиот љубезен свет на јазикот
овде, широката чесност на нештата
на дното на океанот каде што живее
како може да се сфати поинаку?
Во оваа уметност во која возљубува
првиот кој ќе го грабне длетото
обединет со зборовите со болскотноста на скромната боја
трагата на виденото широката чесност на нештата
една половина е ноќ другата е измама
чувствувајќи го тоа, значи да се види вртењето на светот
тенок како амбис помеѓу краевите на времето
и не е доволно читањето или гледањето
толку е прекрасно што неговото тело мисли
ете, поетот е дождовен црв;
заминува од овоштарникот
бидејќи во сливата ја гледа
сенката на сопственото дрво

АвторЛуис Бенитез
2018-08-21T17:21:32+00:00 мај 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 42|