Во туѓите животи како номадско лице
влегуваме насилно, претпазливо
или свесни дека сме поле врз кое другите минуваат.
Но ние секогаш сме странецот:
Движења и гласови кои скокаат на патот
и во секоја насока поместената шума
крај вечниот шепот на невидливите приказни,
кои минуваат низ нас, и заминуваат: моментниот допир
кој го нарекуваме години, недели, месеци.
Не можеме ништо и никого да задржиме;
секој поглед е коцка во калдрмата.
Кога сè ќе преостане, Тој ќе каже дека пристигнал.
Постојано менливо
АвторЛуис Бенитез