Kога и да се сетеше дека си заборавил нешто,
(моливот, книгата, клучот, дозволата, возниот ред, часовникот;
неуморните нешта на делувањето)
тоа беше трик, поттик да се сетиш на големите нешта –
на моето срце, моето име, твојата душа, нашата судбина, нашата приказна;
мозаик од присетување и заборавање,
црна празнина од болки опточена со ѕвезди.
Она на што се сеќаваш сјае,
обрабено со мојот повик, зашиено со Љубовта,
дури и месечината се смешка одвреме-навреме штом си спомнува на нас.
Нашата приказна не те заборава,
ти ги милуваш сите твои љубови под ова небо.