Пишувај како што правам јас,
пишувај песна како
да налеваш чај.
Нека зоврива полека,
нека нашето знаење
остане запечатено.
Зачини ја сосем малку
со топлата срамежливост
на нашата средба,
не смее да згорчи.
Налеј ми ја песната,
ќе ја чувам во дланките,
ќе се греам од неа
посматрајќи го светот
низ пареата.
Нема да дозволам чајот да се олади
дури и ако пијам пополека
од страв песната
да не ми ги изгори усните,
ќе пијам како што страницата ја впива
песната, а чајот
остава траги.