Клунчето ја клука росата
зад себе не остава трага.
Езерцето го следи стапките на девојките, нивниот очај.
Фрлаат камчиња, а парфемите им се собираат
над дрвјата,
онаму се истураат над градот.
Мирисот покажува кај плови месечината.
Да си внимавам на јазикот.
Во мочуриштата, фениксот не може да се исправи.
Впловува во нив на густ облак.
од „Љубљана“, 2004
АвторМета Кушар