Мракот се отвора како порта
пак. Моите прсти на твоето резе
се нежни кога јазичето го креваат,
се лизнуваат, па се колебаат
преку влезот каде што ти чекаш.
Насмевката ти е мрак споен со мрак:
се шири дури ја затворам празнинава –
речиси бесшумно. Доцна станува:
ноќен пејзаж – земја
што јас не ја избрав – и сама сум со тебе.
Ја бакнувам почвата. Нејзината слатка реа
на слама е како копнеж, замка од мед
што гризе и ме носи дома кај тебе:
скап heimat. Заспан свет.