Во срцето немирот
постојано прашува.
Па запира да одговори
со истата интонација.
Не се гледа разлика.
Ненаивно почнува разговорот,
и сетилата ги вмешува,
без сосем да има такви намери.
Потоа нема друга опција,
и нема никаква логика
сè дури едно име не стане исто
со целата негова конотација.