Ова чаше домашна ракија
што фаќа синџир по крајот
бистра а искреста
да те стресе при првата голтка;
оваа пиперка,
само малку заруменета при врвот,
рускава под забите;
овој патлиџан црвен и сочен,
а уште цврст,
и, најпосле, ова бело сиренце,
слачно при џвакање
со корка лебец,
да ти се осоли малце плунката и душата –
имај ги како дарови од небото
за денешниот ден,
и искажи благодарност со нечујна помисла.
Можеби и утре те чека ваква наклоност.
Зошто да не?
Никогаш не се знае.