Небеска река

/, Блесок бр. 22/Небеска река

Небеска река

Небеска река
Ноќ
Оброк
Обнова
Песна за црниот брат
Внатрешен дијалог
Полноќна мисла

Оваа ноќ е опасна.
Оваа ноќ е на трагични пораки.
Таа почна со необично длабоко молчење
на двата кипариса
во стемнетиот двор.
Таа продолжи со бесоница
во која човек сè ќе си каже
отворено
и сè ќе си искоби
до зората.
Таа ќе заврши со гроза.

АвторБлаже Конески
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|