Небеска река

/, Блесок бр. 22/Небеска река

Небеска река

Небеска река
Ноќ
Оброк
Обнова
Песна за црниот брат
Внатрешен дијалог
Полноќна мисла

Болен е, болен Црниот Брат,
и како дете паднато в кал
тој сам е таму каде што е,
и кому да му биде жал?

Кон мене крева очи тој,
а нас нè дели океан.
Болен е, болен мојот црн брат,
згрозен е сиот, во себе збран.

О кој ќе крикне!
Јас немам здив, –
ни збор јас имам за утеха,
ниту да кажам кој е крив.

Тој тлее таму зад хоризонтот
како на запад вечерен зрак.
И сè што знам е дека се спушта
меѓу нас уште потемен мрак.

АвторБлаже Конески
2018-08-21T17:21:54+00:00 октомври 1st, 2001|Categories: Поезија, Блесок бр. 22|