никој нема да се врати
во морето по мојата смрт
и тоа ме развеселува
ќе можам да откопувам сенки
и уште брчки од кои подмладува
космосот зачнат во фотографија
да те гледам во пукнато огледало
и да те викам Ветар Во Распламтена Коса
додека издраскан пекаш по утроба
и тоа е убав занает: да се помниш себеси
и не е потребна ни резанка месечина
за да бидеш врева а јас тишина и обратно