Пребарував под јазикот
– никаков ѕид
Ниту скеле за природа нова
– ни ноќ
А зборот див, затворен почеток
– во ехо
И смртта ќе мине, и друг пат
– Ќе фатам
А не ќе знае земјата
– зошто во тишина
Траев, под јазикот
– длабок ли бев
Та ништо не знаев кога кажав
– ОД НИШТО – Сè!
Вие пак велите
– Он го создаде светот.