Десниот бок на мојата жена

/, Блесок бр. 49/Десниот бок на мојата жена

Десниот бок на мојата жена

По патот
Вечера
Тајни
Десниот бок на мојата жена
Средба во сенката

Беше ли тоа пред да заспијам
или веднаш по моето будење кога жена ми смирено рече дека
ја сретнала мојата мајка.
Јас само реков „да“, но секако знаев

дека мајка ми, веќе четврт век мртва,
не би тргнала на далечен пат од својот крај.
Веројатно жена ми беше таа што тргна

минувајќи низ полето на соништата, спуштајќи се низ долината.

Нејзината смелост, затскриена од привидната плашливост, не беше воопшто
променета од нашата прва средба, пред четврт век.
Таа сè уште рипнува кога ќе тресне врата,
лесно се мами од сонцето и ветрот и
танцува без музика.

Но кога ветрот запира, овде е мртва тишина.
Преку врвот на затворената клепка
ја здогледувам жена ми како се враќа.
Лицето ѝ е извалкано со прав, босото стапало ѝ е раскрвавено,
на градите ја стиска тишината налик на непознато животно.

АвторЈасухиро Јоцумото
2018-08-21T17:21:24+00:00 август 6th, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 49|