В сон пред зората
ја видов мојата жена како заринкан брод
на брегот од повлеченото море.
Накосената сенка не се мрдаше
врз мокриот песок
додека скитав како пес
низ мазното и суво тло на десниот бок од мојата жена.
Надвор од сонот слегував по скалите,
се мочав, гледајќи низ клозетскиот прозорец
во снегулките што треперат
уловени во пајакова мрежа.
Непознато момче од кујната
ми зборуваше дека всушност
„Смртта не е страшна. Кога почнува напливот и одливот,
луѓето доаѓаат и си заминуваат.“
Потем зачекори кон блесокот од стаклената врата
оставајќи ги врз подот мокрите стапки.