Смртта на сијамскиот близнак

/, Блесок бр. 92/Смртта на сијамскиот близнак

Смртта на сијамскиот близнак

Зајаче
Склероза
Смртта на сијамскиот близнак
Генезис
Маакова

Во твојот никогаш, кога се топев како мало дете.
Во твојот никогаш, изигравме партија кошарка.
Чичко Алцхајмер ми затропа на черепните врати и ми ги отвори хемисферите.
Две половинки се цедеа на пластична цедилка за портокали;
премногу беа големи за да ги собере;
по страните овиснаа парталчиња.

Тапаните, рачно завиткани, го потпомагаа очекувањето на средба.
Обостраните инаети донесоа лажни љубови.
Пластичните години се стопија во барбики од кои излегуваше мирис на скара.
Навидум уметниците правеа светла од лејки и осветлуваа алтернативни улички.
Покрај сето тоа стоеше базен, а зад него очајни курви чекаа доза и доза.
Дозерот не работеше и го испив сето шише.
Заборавените прегратки љубоморно мижуркаа.

Љубовните остатоци се свиваа во ладни грчеви од стихови;
присеќаваа на времињата кога
младите водеа безгрижна љубов „како кучиња“.

Проклет да е денот кога те продадов за грст зборови и нови искуства!
Сите новонапишани поеми да се проклети!
Те сакам како смрзнат снешко што ја сака зимата
– стопи ме во нова љубов.

АвторЗоран Бејковски
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|