Смртта на сијамскиот близнак

/, Блесок бр. 92/Смртта на сијамскиот близнак

Смртта на сијамскиот близнак

Зајаче
Склероза
Смртта на сијамскиот близнак
Генезис
Маакова

Зад зградата закопавме зајаче,
меко, мртво, подуено од зелено.

Здрвените шепи
не ја откопаа земјата.
Од опавчето заборавивме
да направиме амајлија.

Во прегратките држев зајаче,
живо, меко, скокотливо…
свежо умртвено, обезводнето.

Зад зградата засадивме зајаче,
ушињата му ги натопивме со смола
и ги покривме со пластични шишиња
за да не му студи в зима.

Зад зградата никнаа зајачиња,
им накалемивме кратки црева
и остри заби.

Зајачињата јадат изнутрици
– срца јадат.

Зајачето со полно стомаче
по скалите навечер се качува.
Не верува во привиди,
тоа сè уште е живо.

АвторЗоран Бејковски
2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 92|