Избор и превод од англиски: Зоран Анчевски
Во отворените рани на цветот
и свежото зеленило, го повикува фоката.
Гледа, водата
расте цврста како чисто стакло.
Ќопава, меланхолична бура
бие по јаловата почва
и за ништо нема прошка.
Вратите се затворија со тресок.
Ветрот шумоли над глава.
Се шири вакуумот.
Еден сон за топлина и тага
Се крши врз чисто стакло.
Се брчка и венее во спокојот на пепелта.