Во бранови смеа се извива моето тело
Мојата невидлива насмевка е месечината
навечер што тажи
реката што потајум кружи и плаче
О смртници
моето око сонце е
што квечерум и в мугри
ја гледа крвта на своите предци
Мојата трага ја следи својата трага
Мојот сон е птицата на врв што пее
Мојата кожа е гората в пролет што зрее
Смртници
Моето голо тело сè е
Мојот убав отров
ништо не е
Коњаник
АвторАполон Гилевски