Коњаник

Коњаник

Коњаник
Шума
Птица
Змија
Ружа

Коњот што ‘ржи и се одвојува од темната земја
мрачен и загадочен како митот за неговите копита
неговите непотковани копита
Еве го како се подига на своите задни нозе
со ноздрите ширум отворени за миризливиот воздух
подготвен за големи освојувања
Би ја осакатил земјата набабрена што го рани
Би го откорнал дрвото што полека и гордо се движи
Сонцето би го каснал
сонцето што е високо над него
Водата би ја ишмукал
водата што е длабоко под него
Би го поднел сиот товар врз својот грб
А коњаникот нигде го нема

АвторАполон Гилевски
2018-08-21T17:22:03+00:00 јуни 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 15|