Книга Битие

Книга Битие

Време
Смрт
Книга Битие -апокриф-
Во Шлегово куќа шимширова *
Lettre

Ни девет пердиња
не ја тајнат куќата
кај што се чини свадба
чашите ѕвонат ѕидовите зрачат
душата потскокнува
меѓу петите и кожата
и куќата пијана и растегната
танцува меѓу соседите
им се поклонува на улиците
ги прелетува дрвјата
се врцка меѓу сокаците
и сите ја следат со здравица
таа среќна куќа, таа невеста!
А без перде и без име
е куќата на философот
никој не ја загледува
вдлабочена меѓу рамењата на духот
безгласно тоне, тој загатки открива
таа чемрее, тој светови создава
на крајот кога е само беден труп
цела грамада мисли во прав пропаѓа
на крајот кога сета расчеречена
клечи пред својот праг како грда старица
сите ја одминуваат брзо, плукајќи ја
ах, колку грозна, грозна руина!

* Наслов на македонска народна песна

АвторЛидија Димковска
2018-08-21T17:22:06+00:00 јануари 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 12|