Учејќи ја граматиката на стариот грчки јазик,
со здрвено тело, во неправилна положба;
далечен за поспаните жители на градот,
совршено туѓ и на старите Грци и себеси,
во овие ситни саати, мечтаам за читање на Хомер,
во оригинал.
Зборовите кои не ги разбирам потполно, облиците
кои не ги препознавам, одземаат здив:
го сплеткуваат јазикот како бакнеж в уста.
Но тој туѓ, и долго исчекуван звук
освојува:
како страсти на кои сме им тргнале в пресрет;
доаѓа како почеток и крај
A i Ω.
А кога Одисеј, овој пат засекогаш, ќе ја остави
Итака, и ќе отплови кон бреговите на светот,
станувам од масата, легнувам врз креветот:
врз мирната површина на морето.