Си знам, оти ги користам често
„топло, кротко, тихо, меко.”
Само малку им менувам место,
ги расфрлам леко,
но што и да кажам –
сè е некако подобно.
Јас не се грижам. Ако не се лажам,
дури потполно ми е удобно.
Имам куќа тиха, мека,
топли луѓе, кроткост негувана вешто,
имам и прегратка нечија, нека.
А ми треба ли и друго нешто?