Златни ангели

/, Блесок бр. 91/Златни ангели

Златни ангели

Корабите на возможната љубов…
Колку лесно непознат се сака…
Лагите се провлекуваат…
Златни ангели…
Таа е толку затворена…
Часовник со кукавица
Си знам…

Таа е толку затворена
што наликува на куќа
од која допира музика
но никој не знае колкумина ја населуваат
и оти соседите никогаш не се добредојдени.
Таа е толку затворена
што петлите не ѝ пеат
а талаликаат,
мачките ѝ бегаат
за да мјаукаат своеволно
по туѓи дворови.
Една бела рака
ги полева цвеќињата на прозорецот,
но никој од близу не ѝ го видел
прстенот што блеска.
Или можеби тоа е само капка вода
во мовестите дланки на мускатото?
Таа е толку затворена
што времето во нејзината градина
секогаш доцни за една сезона.
Во неа дишат
заборавени
попладниња,
тихи агли, врапчиња,
жолти дуњи, оросени од дожд
и зборови
кои таа нема никогаш да ги изговори.
Таква ќе ја имаш –
и твоја и своја
и неверна и девствена.

АвторМарија Донева
2018-08-21T17:20:48+00:00 септември 21st, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 91|