Диван

Диван

Русите никогаш…
Арарат
Транзициска
Брдо
Рено 4
Серење
Музеј
Фатима и поетот
Раце
Диван
Кој прв се посомнева…
За мене…
Добрата поезија…
Круна
Долга песна

На Нова Година
отидов во Меркатор.
Додека мојата
силуета неуморно
ја полнеше корпата,
се јави моето его
со прашање
невредно за поет од мој
ков. Зошто моите песни
се сè пократки а редовите
пред благајната сè подолги.
И бидејќи, се разбира, не најде
одговор, се сврте кон
силуетата, која ја полнеше корпата.
Таа призна:
понекогаш немам што да правам
па се сеќавам на Калининград
се сеќавам на луѓето,
кои се премногу добри и весели
за да мислат така
егоистично како тебе,
среде купувањето храна
за новата година. Потоа се сокри
како што тоа го прави секогаш
кога е искрена, а јас останав
сам со својата корпа и се
прашував, зошто редот е сè
покус а песнава толку долга.

АвторЕсад Бабачиќ
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|