Диван

Диван

Русите никогаш…
Арарат
Транзициска
Брдо
Рено 4
Серење
Музеј
Фатима и поетот
Раце
Диван
Кој прв се посомнева…
За мене…
Добрата поезија…
Круна
Долга песна

Поетите се најсилни во клозет.
Дури и додека серат не ги напушта чувството
дека се нешто посебно.
Дури и додека серат, убедени се
дека создаваат нешто величествено,
единствено и незаборавно.
Само тогаш им се чини
дека заборавот не може да ги допре.
Додека туркаат надолу,
ангелите им се смеат од плафонот;
чисти како неупотребена
тоалетна хартија.
Незнаењето им е толку драго,
толку добредојдено во тие
мигови
на апсолутна слава,
што никој во близина не е безбеден
пред вознесеноста на
плодниот поет,
тој херој на домаќинлакот
и опуштеноста.
Колку пати ќе треба
да се повтори тој миг,
кој секое дете
го носи в гроб,
колку пати ќе треба да ги сотре
најчистите фантазии,
за на крајот да завладее
со сопствената школка.
Зашто тајната,
која ја носи со себе,
секогаш кога ќе седне на неа,
е најголемото срање
на светов.

АвторЕсад Бабачиќ
2018-08-21T17:21:15+00:00 октомври 17th, 2007|Categories: Поезија, Блесок бр. 56|