Божица на подивените мачки

/, Блесок бр. 63/Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Пластичен обид за самоубиство
Опсесија прва
Мрак
Совозач
Стратегии
Art
Таа ноќ (Според Ивица Антески)
Полноќни работи
Јас ти и земјата

земјата напукнува лава во нашиот град во нашиот мрак во нашите сенки
само нашите само јас и ти ги регистрираме поместувањата процесите
напукнувањата на земјата се регистрираме во земјата се
чувствуваме во кората сме земја сме целите само јас ти и
земјата во градите во очите трепериме само твоето око
твоето мирно око не трепери драматизира
вистина или рекламира окото само едното
додека се нишкаме трепери во земјата
сплотени растреперува кората
земјата окото мирно вперено
во мене е само

АвторАлександра Димитрова
2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|