Божица на подивените мачки

/, Блесок бр. 63/Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Пластичен обид за самоубиство
Опсесија прва
Мрак
Совозач
Стратегии
Art
Таа ноќ (Според Ивица Антески)
Полноќни работи
Јас ти и земјата

Со денови не излегувам од станот
Темелно го чистам
па повторно го валкам
Јадам остатоци од храна
Пијам чудни коктели
Го зголемувам купот кеси со ѓубре
Зборувам сама со себе
Час сум Јулија час сум Ромео
Телефонот и интернетот одамна се исклучени
поради ненаплатени сметки
Телевизорот ми е најдобра пријателка
Гледам канали забранети за малолетници
Ѕвончето ѕвони
Не се ни обидувам да видам кој е
Врне постојано
Грми застрашувачки
По улиците нема никој
Некаков празник е
Не и за мене

АвторАлександра Димитрова
2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|