Божица на подивените мачки

/, Блесок бр. 63/Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Пластичен обид за самоубиство
Опсесија прва
Мрак
Совозач
Стратегии
Art
Таа ноќ (Според Ивица Антески)
Полноќни работи
Јас ти и земјата

Глави Секоја вечер многу глави Темни глави
Празни Недефинирани фацијални експресии
Еднолични Еднододруго поставени темни глави
Темни како земја Како анемично небо Како бескрвна вода
Мажите се елевационо хендикепирани
Веруваат во моќта на играчките на батерии
А потоа во тоалетот – балерини на батерии – чудни женски персони
ме покануваат да го поделиме мигот – заеднички да доживееме relief
Тоа е толку смешно од денешна перспектива
а толку иритирачки во мигот

Некој го бара бројот на мојот целулар
Тоа е толку препознатливо и здодевно

Изместени ми се брзините

Ги посакувам само моите мистериозни оn line љубовници

АвторАлександра Димитрова
2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|