Совозачот може да ми биде конкуренција
во кој било натпревар за убавина
Еродира твојот фалус
Совозачот со секој манир наликува
на античка скулптура
Сега е смешен мојот обид да се вклопам
во твојот малограѓански стил
Сега раскажувам за мене и Совозачот
Сега е поинаку
Без чувства
Без страв
Без надежи
Со една животинска потреба да се биде со совозачот
Да се допрат неговите жили
Да се почувствуваат неговите извајани прсти
Да се добие внимание во неговите препони
Со кого патуваш сега ти?