Божица на подивените мачки

/, Блесок бр. 63/Божица на подивените мачки

Божица на подивените мачки

Пластичен обид за самоубиство
Опсесија прва
Мрак
Совозач
Стратегии
Art
Таа ноќ (Според Ивица Антески)
Полноќни работи
Јас ти и земјата

Твоето име започнува со мрак
Мрак во устата твоја
Кожата ко мрак
Безвременски занес
Која ли сум јас?
Колку ли си ти?
Стоиме и двајцата со молк
Исплашени од Dark
Од буквите во името твое
Од значењето нивно диво
Исплашени од себеси
Од страста во имињата
Од именките телесни диви
Значење што ново добиваат овој час
Диво
Значење за живот поинаков
Крик во мрак
Див

АвторАлександра Димитрова
2018-08-21T17:21:08+00:00 декември 29th, 2008|Categories: Поезија, Блесок бр. 63|