тивко е во шумата
чуварот чекори по есенските лисја
стоплени од сонцето
по големите машки стапки
останува притаен мирис
на синчец и качунки
кучето на чуварот
ту заостанува ту го стигнува
својот стопан
за да си поигра
со ременот од пушката
на само неколку метри од нив
тенка линија чад
излегува од трупот на еленот
како предупредувачки знак
дека во близина има непријатели
во другиот крај на шумата
убијците се расправаат гласно
дали го погодиле еленот
по големите машки стапки
останува притаен мирис
на синчец и качунки