Огледало

Огледало

Грачани (љубовници)
Виктор (Вила Ружиќ)
Огледало
Циклон
Презент. Перфект. Поезија

Излегуваш од бањата после она што го правиш зад затворена врата. Помеѓу нас има мал ходник со големо огледало. Исчезнуваш во левиот агол, зашто таму е орманот со облека. Сакам да те видам гола во огледалото и бегам од компјутерот, се вртам за 180 степени: единствено што догледувам е моето повторено лице во големиот и пуст простор.
Седнувам на своето место пред лицето на екранот, удирам по тастатурата; дали така ќе те повикам, дали така ќе те опишам? Признавајќи што сум сакал, покажувам колку сум слаб и тоа ќе ми се одмазди во идниот живот, во текстот.
Но кој сега би се грижел за тоа? Каде си, сакам ли да кажам дека тоа ми е важно? Што правиш? Како си облечена, се распрашувам за покров, за крај.

АвторМирослав Миќановиќ
2018-08-21T17:20:44+00:00 мај 15th, 2014|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 95|