ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

/, Галерија, Блесок бр. 119/ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?

ОПАсни врски: Што, кога, каде, како, кому и колку чини?


500 х 10 > 5000: Уметноста како аномалија во капиталистичкиот систем

Историјата на парите во споредба со историјата на човештвото е навистина минорна. Денес, поголемиот дел од парите во светот постојат само како бројки и цифри, во форма на битови кои циркулираат преку дигитални трансфери, како компјутеризирани записи. Со појавата на кредитните картички, а особено со појавата на првите криптовалути пред неполна деценија (Биткоинот во 2009 година), се насетува тенденцијата сè помалку да се користат материјалните форми на пари, со што и финансискиот систем станува покомплексен, подинамичен, но и поапстрактен и поопасен.

Додека некои уметници рефлектираат околу парите, нивната материјална и нематеријална основа и вредност, нивната променлива форма низ времето, начинот на нивното функционирање и циркулирање во современото општество, преку анализа, деконструкција и нивна физичка трансформација или пак, преку концептуално ориентирани проекти во кои се преиспитува огромното влијание на парите во речиси сите аспекти на општеството, делото на ОПА, во основа еден мал редимејд објект базиран на акумулација, претставува една суптилна апропријација со мала интервенција која се издвојува како еден вид споменик, временска капсула која истовремено го констатира моментот на практична промена во монетарниот систем, но го позиционира и како јаз кој се исправа пред нас, токму со отворената дилема која јасно укажува и на моќта на изборот и нашата улога и (не)учество во креирањето на економските политики и финансискиот систем.

Што и кому? Приватен гест кој станува јавен

Објектот со описен наслов „Драги Јехона и Владимир, оваа кутија содржи 5000 денари“, направен специјално како свадбен подарок за авторот на овој текст и неговата сопруга е „кутија која содржи 5000 денари во апоени од десет денари“. Но, како што и може да се очекува од автори како што се Дана и Денис (ОПА), според целиот досегашен нивен уметники опус, дури и оваа ситуација која е дел од одбележувањето на посебен момент во приватните релации, не останува да биде без за нив неопходниот предизвик кој е позициониран на самата точка на вкрстување на хумористичното и сериозното. Како што наведуваат во краткиот текст/посвета/упатство кој е вметнат на долната страна од објектот, банкнотите „на 15 мај 2018 г. Престануваат да бидат законско средство за плаќање“, искористувајќи го моментот на замена на досегашните книжни, со ови полимерни банкноти, тие не само што го проучиле процесот туку и го издвоиле едниот од двата услови за да го потенцираат моментот на итност.[11]


11. Иако банкнотите престануваат да бидат платежно средство, истите можат да се заменат во некоја од деловните банки до 15 мај 2019 година.

АвторВладимир Јанчевски
ПреводВладимир Јанчевски
2018-09-25T09:27:28+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 119|