Избор и препев: Магдалена Хорват
Во огледалото на масата, месечината
се загледала во бескрајот на далечината
(и можеби гордо, се гледа себеси,
но никогаш не си дели насмевки)
подалеку и отаде секакво спиење,
или таа можеби спие дење.
Од Вселената напуштена, солзи не лее;
таа би ѝ рекла по ѓаволите да оди,
и веднаш би си нашла некои води,
или огледало, над кои ќе бдее.
Да ја врзам и јас во пајакова мрежа
и во бунар да ја фрлам сета грижа:
во тој свет кој испревртен е така
што затвореното секогаш е отворено
што сенките се всушност тела
што будни сме преку ноќ цела
што небото е плитко колку морето
што е длабоко, и така што ти ме сакаш.