И гледаш: низ нечии зеници
веќе долго
срцата на два моливи се острат
самите од себе.
И воздухот е полн со дрвени струшки
чиниш стружи и делка
цела пилана.
И се надеваш: на портрет, скица,
кроки, или барем овековечување
во квадратот на Малевич:
сè се тоа прекрасни варијации.
А сепак, од целиот тебе –
ниту нацрт ниту црта ниту збор:
само неволен знак за
интерпункција.
И велиш: и тоа е нешто
и веќе градиш
постела за двајца
од чисто срце и струготини.