Снег во чевлите

/, Блесок бр. 41/Снег во чевлите

Снег во чевлите

Снег во чевлите
Љубљанска сиеста
Моливот пишува со срцето

Попладне, кога целиот свет е
Декириков плоштад.

Чиниш епидемија владее
во овој град.
Само кусите сенки
од жардинерите и контејнерите
ги пресекуваат долгите сенки
од зградите и уличните столбови:
испробани, вкрстени, положени сабји.

Нештата се придвижуваат
само уште во нечии ретровизори.

И ти, како сообраќаен знак
на кој пишува „Внимавај, одронување!“
но дури и слепците
одамна одат по поинаков пат.

АвторАна Ристовиќ
2018-08-21T17:21:33+00:00 март 1st, 2005|Categories: Поезија, Блесок бр. 41|