Потомците, стаписани од веста,
ги гледам: смерни, во бескраен ред.
Се спушта, еве, и ангел во лет
кон лепа церков на колнати места.
Што племе сме биле? Што накот?
Што мисла зла ни сматила вид?
Ангелот кацнал веќе на пустиот ѕид,
трепери: јасен е говор на зракот.
Божествена глетка. На бога е реч
цело Небрегово пак да се збере
во древниот повик на древна вера.
Не одмазда сега, не замав на меч
е прелепа церков која се крева
од раскошен зрак со кој и се слева.