баш беше паметна:
ги запали свеќите и
ги одврти славините во бањата.
шумот на водата ги надгласуваше
сообраќајните средства и криците.
со прстите патуваше
долж и попреку.
ловокрадец во прашума.
заспа и се будеше,
раскажуваше за соништата,
зборуваше во сон
од кој не се излегува.
звук на вода,
водопад покрај креветот,
брзи пеперуги ги опслужуваат
наострените сетила.
бурата не стивнува.
целата зграда е под вода.
и никој, баш никој
не знае да плива.
Полн месец во Истанбул
паѓање на темнината на исток
потоп
жената со ламтеж по мраз
клацкалка
јазик
популизам
реклама за смрт
Фрагменти за фотографијата