Зад лицето налик на твоето
Старите имиња исчезнуваат
Крвта содржи згмечени снимки
А ветерот на бакарната птица
Се чини ја облекол мојата пустина
врз мојот пуловер.
Не сум гола.
Понекогаш зборовите се губат во мојата кашлица
Како и пенестата месечина
Во чашата
Ова патување отсекогаш се вртело околу мојот јазик
А моите вени не ѝ скриле ништо на смртта
За да ги исцрта калиграфските чекори
Летото ме исповеда
Оваа истуткана зелена мов врз прстите на ледениот
Бран така прекрасно се одлива и надоаѓа како љубов
Понекогаш ми недостасува бродот
Што ме донесе овде
И тука пред клепките на зимата
Сведоци ми се изабеново небо
И куферот што го крие мојот син профил.