Од каде сега оваа шуплина
во моето пријателство за тебе
кога ми зборуваш јас сум отсутен
кога сакаш да си одиш
не те задржувам
а толку бевме блиски
зборувавме и молчевме со часови
заедно
а сега зборуваме и молчиме
секој за себе
И каде избега нашето пријателство
каде отиде во неврат?