Си помисли тој дека по свршената работа
пристигнал веќе вистинскиот миг
за да се забележи прифати и слави
делото негово за вечни времиња
Но тој во сиот занес свој и сета жешка желба
не можеше да сфати
дека големото растојание од сечилото до градот
одамна многумина го минале
и само еднаш било и еднаш се случило сал
да биде претрчан Маратон
поради оној единствен збор што останува
и по неговиот прав
Делфи
АвторМатеја Матевски