Делфи

Делфи

Раѓање на трагедијата
Маратон
Делфи

Есхил “Орестија”, “Евмениди”

И ние дојдовме еве на матката земјина
Ќе го одрвзе ли зборот оваа пештера глува
скржава уста сува сред суви ридје

Гласот ли иде
одекот абер ли праќа
од пустите дувла на темницата
кон празното небо што зјае
Сè може секако да се сфати
и пак вистина да е

Судбината на светот
сенка човекова
надевањето пусто
е свето
Реченото е клето

А тие идат идат по патиштата замрсени
на битието
дур чадат
гласовите знајни и тајни
на ништото

АвторМатеја Матевски
2018-08-21T17:22:04+00:00 април 1st, 2000|Categories: Поезија, Блесок бр. 14|