Зошто педесетгодишниот староримски поет Вергилиј,
умирајќи во Бриндизиум,
имаше немилосрдна намера
да го запали својот еп „Енеида“,
најголемото дело на неговиот живот?
Во него тој го славеше пребеганиот Тројанец Енеј
како предок на својот римски род,
како основоположник на една држава
која ќе стане нјголемата империја
што ја познавало човештвото.
Вергилиј немаше докази за тоа потекло,
но имаше длабока човечка потреба
да се стави на страната на поразените
и да ги овенча со триумфот на неуништивоста.
На крајот сигурно виде
дека човековото чувство за правда
нема никаква државна основа.
Работата испаѓаше така
што некогаш опустошените
сега исто така пустошат други
место да фатат
да си ја обноват Троја.
Вториот источен грев
Вториот источен грев
Парадигмата на Рубљов По филмот на А.Тарковски
Автопортрет
Залудноста на Вергилиј
Мотивот на Шехерезада
Социјалистички реализам
Парадигмата на Рубљов По филмот на А.Тарковски
Автопортрет
Залудноста на Вергилиј
Мотивот на Шехерезада
Социјалистички реализам
АвторПетар Т. Бошковски