Вториот источен грев

/, Блесок бр. 09/Вториот источен грев

Вториот источен грев

Вториот источен грев
Парадигмата на Рубљов По филмот на А.Тарковски
Автопортрет
Залудноста на Вергилиј
Мотивот на Шехерезада
Социјалистички реализам

Шестмина физички работници,
добро избрани стропјаци,
цел ден копаа канал
за снимање сцена од филмот
посветен на новиот човек –
ударник од социјалистичката стварност.
Ја копаа делницата
која само за еден ден
божем сам ја сработил главниот лик,
омилениот херој на поучните репортажи.
Доагајќи на готово,
разгалениот артист, чист како новокупена кукла,
исфрла две-три лопати земја,
длабоко издивнува, ја избришува напрсканата вода
што требаше да значи солена пот по лицето
и со среќна насмевка изрипува од копот.
Сцената е готова. Аплаузи за добрата игра.
Меѓутоа, иако знаеја дека се работи за уметност,
овие шестмина стропјаци сведени на еден слабак,
со неверица ја пулеа оваа лакрдија
што ги понижува до сржта на коските.
Заминаа со кисели насмевки
како да насетуваа дека
ако го излажеш човекот
не ќе го излажеш човештвото.

АвторПетар Т. Бошковски
2018-08-21T17:22:08+00:00 јуни 1st, 1999|Categories: Поезија, Блесок бр. 09|