Жените повеќе живеат
со своите претчувства
Крвта им е крвава
телото им е телесно
а љубовта толку љубезна
Под јазикот паричка
од неми почетоци
Лица
Огледалца на Стикс
Острици на столетието
Превод од словачки на англиски: Павел Лукач.
Избор и превод од англиски: Магдалена Хорват.
Препев од словачки на македонски: Звонко Танески.